СДСМ ја опустоши државата откако криминалниот картел на чело со аболицираниот Зоран Заев дојде на власт. Нема капитални инвестиции, нема просечна плата од 500 евра, но затоа за година ипол ја задолжија државата за скоро половина милијарда евра. СДСМ во очај почнаа бесрамно да лажат. Тие за да го оправдаат вчерашното задолжување од 21,1 милион евра, почнаа да припишуваат и доспеани исплати кои се случиле уште пред вчерашната аукција на државни хартии од вредност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
-Лагите со кои ја покриваат нивната неспосoбност имаат кратки нозе. Впрочем најдобар доказ за нивното недомаќинско работење е фактот што за идната 2019 предвидуваат јавниот долг да достигне рекордни 54,2% од БДП, односно да надмине над 5.7 милијарди евра, односно граѓаните да ги натоварат со дополнителен долг од 600 милиони евра. Ова значи дека 2019 година ќе ја завршиме со 1 милијарда евра поголем долг од 2016 година. Вистината е црна за власта, вистината е дека долгот расте и уште ќе расте, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потенцираат дека во услови кога ќе имаме рекордно најнизок раст на БДП во регионот и Европа, во услови кога економијата крахира, а стандардот опаѓа ваквите неодговорни задолжувања дополнително ќе ја заковаат македонската економија на дното.
Овој криминален картел треба што поскоро да замине, за да им биде подобро на граѓаните, работниците, стопанствениците, пензионерите, младите и сите останати категории, дополнија од ВМРО-ДПМНЕ.