Актуелно 13.02.2019 11:18

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ креираше хаос, антиваксерската кампања која ја тераа од опозиција сега ги чини граѓаните животи

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ креираше хаос, антиваксерската кампања која ја тераа од опозиција сега ги чини граѓаните животи

СДСМ создаде вистински хаос во здравството. Антиваксерската кампања која ја тераа од опозиција сега ги чини граѓаните животи

-СДСМ креираше хаос. Додека во цел период на власт не направи ништо за здравствениот систем. Наместо нов Клинички центар за две години од сега, како што беше предвидено од ВМРО—ДПМНЕ, СДСМ ја поништи постапката за веќе готов проект само за да распише оглас за 4 пати поскап проект, чиј што почеток е дискутабилен. СДСМ наместо 120 милиони евра, ќе потроши 480 милиони евра за ист проект. Каде ќе заминат над 360 милиони евра народни пари, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека граѓаните ќе ја имаа истата услуга за 4 пати помала цена.

-СДСМ е неодговорна кон здравството. Парите на граѓаните наместо за подобрување на условите одат на сомнителни набавки вредни милиони. СДСМ мора да си замине. Предвремени парламентарни избори веднаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ.