Иднината која ја нуди СДСМ веќе ја видовме, таа се вика криминал, хедонизам и аболицирани политичари, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ.
-Иднината за која збори СДСМ се криминални иновации каде народни пари се претураат во фирмите на вицепремиерот, пратеници од власта, советници на премиерот. Иднината која ја нуди СДСМ се крвави тендери во здравството тешки десетици милиони евра, државни бизниси за семејството на премиерот и неговите роднини, хедонизам изразен во прошетки на ручеци со државни армиски хелихоптери. Иднината која ја нуди СДСМ се вика криминал, очај и апатија. СДСМ не ја однесе државата во ЕУ, и има само условена покана за НАТО, но затоа донесе штетен договор за името со кое се гази достоинството, честа но и идентитетот на нашата земја и народ. Растечката корупција е нотирана и од Европската Унија. Нема сомневање дека криминалци ја водат државата. Со Зоран Заев и неговите луѓе нема иднина Македонија, потенцираат од партијата.