Актуелно 18.08.2018 10:15

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку пропаднатата прослава сакаше да испере над 40.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку пропаднатата прослава сакаше да испере над 40.000 евра

-Владата беше фатена во лага и со спуштени гаќи за сумата која е потрошена за пропаднатата прослава. Во обид да ја изманипулираат јавноста и да го релативизираат револтот кај граѓаните, прикажаа дека се потрошени 40.000 евра помалку од парите кои што ги исплатиле на фирмите за организација и за тоа молчеше се до обелоденување на скандалот. Оттука сите наводи упатуваат на тоа дека СДСМ на најгруб и најбандитски начин ги пере парите на граѓаните. СДСМ да не се крие зад паушални соопштенија и конечно да одговори на јавноста, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Од најголемата опозициска партија паршуваат колку пари вкупно се потрошени за пропаднатата прослава и колку пари се обидоа да исперат?

-Зошто за толкава сума не беше спроведен тендер за да можат сите заинтересирани фирми да се пријават? Како е можно Зоран Заев да ги повикува граѓаните на прослава два дена претходно, пред воопшто да се отпочне процедурата за договарање на фирмите кои ќе вршат услуги? Како е можно за само 1 ден да се спроведе целата постапка за набавка на услуги? Кои се 3те фирми кои доставиле понуди пред да се склучат двата договори за организирање на прославата? Молкот на криминалната Влада на СДСМ и сите овие неодговорени прашања упатуваат само на една работа, а тоа е дека фирмите биле однапред договорени и СДСМ имале намера да перат пари преку нив, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму го охрабруваат Јавното обвинителство и агенцијата за спречување на перење пари веднаш да отворат случај и да ги утврдат фактите.

-Криминалната Влада на СДСМ мора да сноси одговорност што ги цица парите на граѓаните. Многу брзо ќе дојде денот кога ќе одговараат. Република Македонија и граѓаните ќе победат!, порачуваат од опозициската партија.