Актуелно 05.09.2018 10:36

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за цело лето не успеа ниту да ги реновира училиштата, ниту да овозможи нормални услови за образование на младите

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за цело лето не успеа ниту да ги реновира училиштата, ниту да овозможи нормални услови за образование на младите

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека корумпираната власт на СДСМ ги остави учениците без книги и учебници. Тие и велат дека освен сомнеж за сериозен криминал, нема друго објаснување за оставањето на учениците да ја почнат новата учебна година без книги, кои допрва ќе треба да се печатат.

-Министерството за образование и наука преку сомнителна набавка во 4 очи додели 27 договори во износ од 7.5 милиони евра без објавување на оглас во рок од 3 дена. Нема тендери, нема критериуми, нема конкуренција, нема ниту еден единствен податок кој укажува дека овие јавни набавки не се сомнителни и криминални. Под превезот на референдумот Заев и криминалниот картел успеаја да испумпаат милиони народни пари и успеаја да ги наполнат џебовите. Наместо поквалитетно образование, СДСМ за цело лето не успеа ниту да ги изреновира училиштата, ниту да овозможни нормални услови за образование на младите, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија порачуваат дека оваа криминална влада на СДСМ нема капацитет за водење на Република Македонија.

-Зоран Заев не поседува ниту еден европски принцип. Криминалната влада на СДСМ не поседува европски вредности. Единствена допирна точка на Зоран Заев со Европската унија е што е роден и живее на европско тло. Република Македонија ги губи сите битки на полето на развој, економија, здравство, образование, а Заев и СДСМ ги интересираат само наместените тендери и личните бизниси. Ова еден ден ќе прекине, а Заев и криминалниот картел ќе одговараат. Граѓаните и Република Македонија ќе победат!, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.