Актуелно 23.07.2018 16:15

ВМРО-ДПМНЕ се избори за клучните барања: Пржинска влада, ДИК и закон за финансирање на партии

ВМРО-ДПМНЕ се избори за клучните барања: Пржинска влада, ДИК и закон за финансирање на партии

После неколку часови преговори денеска, но и на претходната средба владата се согласи на позициите на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека е неопходно носење на закон за финансирање на политичките партии, исто така измени во законот за влада кои што подразбира формирање на техничка влада по пржинскиот концепт кои што услови ги имаше опозицијата во декември месец 2016 година и ниту повеќе ни помалку, ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Процедурата која што е започната за формирање на Државната изборна комисија преку измени на изборниот законик на начин на кои што ќе се смени бројот на пратеници кои ќе гласаат за членови на ДИК и наместо 2/3, да биде со мнозинсто од вкупниот број на пратеници ќе се стопира и повлече и ќе се врати старата процедура и до овој момент не преговаравме за други теми, ниту за карактерот на референдумот или евентуалното референдумско прашање, во втората половина од денот очекуваме и на таа тема да зборуваме, вели Мицкоски.

Тој додава дека важно е дека донеле усогласености за успешен изборен процес кога и да се случи и дали тоа ќе бидат предвремени или редовни парламентарни избори, опозицијата ќе се чувствува комотна бидејќи ќе ги има истите услови како што ги имаше тогашната опозиција на изборите во 2016 година.

-Исто така законот за финансирање на политички партии е голем чекор бидејќи на тој начин добиваме еден модел кои што гарантира зголеменост на транспарентноста и отчетноста на финансиите на сите политички партии и ќе превенира од евентуална злоупотреба во иднина. Владеачкото мнозинство ги прифати тие опозиции и исто така позициите на ВМРО-ДПМНЕ беше дека она девијантно однесување преку насилнички упад во изборниот законик ќе се сокрие и ќе можеме да дискутираме за едно нормално однесување во рамки на преговорите, додава Мицкоски.