Сиромаштијата енормно се зголеми откако СДСМ дојде на власт. Моментално во земјава околу 460.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а манипулантите од СДСМ продолжуваат со ветувања за мали деца. Доколку СДСМ вистински се грижеше за граѓаните немаше да го укине и додатокот за трето дете, мега проект кој беше од голема помош за семејства кои сакаа да имаат повеќе деца, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ.
Оттаму велат дека Владата на Заев влезе во опасна авантура со тоа што сака да воведе систем на гарантиран минимален приход, нешто што не постои во Европа и ретко каде во Светот.
Додаваат дека според економските експерти за Република Македонија, изедначувањето на социјалната помош со минималната плата ќе има катастрофални последици затоа што ги обесхрабрува они кои што сакаат да работат и со тоа да стекнуваат работни навики, квалификации.
-За жал и со новиот мегаломански буџет, сликата ќе остане иста. Ќе се ограбат граѓаните со зголемени давачки и казни, а криминогената власт најголемиот буџет во историјата на Македонија ќе го троши за сопствен луксуз и богатење. Се ближи денот кога Заев и СДСМ ќе се соочат со граѓаните и ќе одговараат за ограбувањето на државата, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.