Актуелно 15.01.2019 10:40

ВМРО-ДПМНЕ: Со газењето на волјата на граѓаните, Заев и неговата криминална банда донесoa незаконска одлука со која се брише името на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Со газењето на волјата на граѓаните, Заев и неговата криминална банда донесoa незаконска одлука со која се брише името на државата

Владата на Зоран Заев ја зави Македонија во црно. Со газењето на волјата на граѓаните, Заев и неговата криминална банда донесoa срамна и незаконска одлука со која се брише името на државата, се менуваат идентитетот, јазикот, културата и историјата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Заев гази се пред себе само со една цел, да се задржи на власт колку што е можно повеќе и да се богати преку тендерите во четири очи.

-Државата стагнира веќе две години. Наместо реформи и проекти Заев посегна по распродажба на државни и национални интереси заради богатење на неговиот клан. Здравството секојдневно паѓа во невиден хаос, образованието се помалку функционира, а пак економијата е пред колапс. Црнилата станаа секојдневие на македонскиот народ. Зоран Заев е синоним на црнило кое што и се случува на Македонија веќе две години, се наведува во партиското соопштение.

Време е Заев и неговиот криминален картел да си заминат од власта. Граѓаните црнилото ќе го тргнат со пенкало во рака на предвремените парламентарни избори.