Актуелно 23.05.2018 10:20

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски-Анѓушев конечно признаа дека се неспособни да ја водат економијата на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски-Анѓушев конечно признаа дека се неспособни да ја водат економијата на државата

Eкономијата тоне, градежништвото стагнира, капитални инвестиции само во првите 3 месеци изнесуваат 7,4 отсто, а раст на БДП-то е на најниско можно ниво во Европа и во регионот и истиот изнесува 0 отсто.

Неподготвените проекти и неефикасните тендерски постапки се директна последица на незнаењето и неспособноста на картелот на власт, кои ги ставаат своите интереси над интересите на граѓаните и државата.

Нивната неспособност се виде кога речиси цела година држеа готов автопат изграден од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, само поради проблем со преместување на една бандера.

Влада предводена од економското цунами Заев, Тевдовски и Анѓушев во делот на инфраструктурата и капиталните инвестиции не започна ниту еден нов проект кој од самиот почеток, од проектирање, би го започнала оваа влада, па дури и да е во фаза на проектирање.

За да се оствари растот треба работа, визија и знаење, а не блокади, укинувања и најави за уривање.

Ова е евтин политички популизам од кои нема полза ниту државата, ниту граѓаните. Граѓаните и државата имаат потреба од реални проекти и работа. Оваа ненародна власт тоа не го може. СДСМ мора да си замине.