-Тие не се способни да го реализираат ниту тоа што самите го зацртале. Реализацијата на капиталните инвестиции лани не мрдна од 50%, а годинава ја почнавме со 1,09% што говори дека не се градат патишта, училишта, болници, детски градинки и други проекти кои се од интерес на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:
„Особено загрижува падот од 12,6% на ИТ индустријата која се должи на погрешните економски политики и даночните оптоварувања кои ги прави оваа Влада. Ако се има предвид дека во овој сектор работат претежно млади луѓе тоа е само уште една потврда на поразителните бројки дека речиси 90% од младите би заминале од државата заради бесперспективноста која оваа власт ја создава.“