Власта две години ги гази и узурпира, правото, законите и институциите. Зоран Заев и Стево Пендаровски исплашени од се поизвесниот изборен пораз прибегнуваат кон монтирање на политички процеси. Стевче Јакимовски, како и Митко Чавков и останатите припадници на безбедносните сили и граѓани патриоти се жртви на политички монтирани случаи, ова денеска преку соопштение го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ како на пазар тргуваше со гласовите на пратениците. Заев во негов познат стил ја деградираше правната држава, го погази уставот и законите. СДСМ зацрнува судбини на цели семејства. Десетици патриоти се осудени на 211 години затвор за дело кое не го извршиле. Осудени се без докази и без аргументи. Власта направи неправда и со непотизмот кој метастазираше во општеството. Работа има само за децата и роднините на функционерите. Обичните граѓани бегаат од државата и се повеќе се иселуваат, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека неправда е и кога нема откуп на земјоделските производи. Голема неправда е кога земјоделецот кој цела година работел за да на крајот на годината од продажба на родот земе пари за негова егзистенција нема каде да ги продаде земјоделските производи.
-Неправда се и сите криминални зделки во четири очи, но и милионски тендери кои ги добиваат фирми непосредно формирани пред да го добијат бизнисот. Власта за две години генерира само неправда. СДСМ го втурна општеството во хаос. Оваа пракса на незаконие мора да запре. СДСМ мора да си замине од власт, потребна е победа на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори за крај на СДСМ, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.