Актуелно 21.06.2018 11:39

ВМРО-ДПМНЕ: Заев додека го менува името ја задолжи државата за нови 7.1 милион евра со камата од 3.2 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Заев додека го менува името ја задолжи државата за нови 7.1 милион евра со камата од 3.2 милиони евра

Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја задолжија државата за нови 7.1 милиони евра. Додека го продава името Заев не пропушти да ги задолжи граѓаните, соопштуват од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека власта се задолжи на 15 години со годишна каматна стапка од 3%.

-Тоа значи дека за земените 7.1 милион евра за 15 години ќе вратиме 3.2 милиони евра само за камати. Заев зема 7.1, а ќе треба да се вратат 10.3 милиони евра. Картелот ја задолжува државата без реална потреба. Расипништвото на власта само за првите 3 месеци од годината ги чинеше граѓани 300 милиони евра нов долг. Од тогаш долгот само се зголемува. Заев ја фрла ги фрла идните генерации во должничко ропство. За првпат во историјата на Република Македонија со СДСМ јавниот долг надмина 5 милијарди евра, додека државниот долг надмина 4 милијарди, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека има милиони долг, а ниту еден проект.

-Картелот нетранспарентно ја презадолжува државата без да им каже на граѓаните на што ги троши парите кои ќе ги враќаат идните генерации. Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја уништуваат државата. Додека го менуваат името, вршат и економски геноцид врз сопствениот народ. Државата повеќе од 1 година тоне. Безнадежноста и немаштијата со Зоран Заев на власт стануваат наше секојдневие. Повеќе од 1 година граѓаните се ограбуваат, а државата се понижува. Овој криминал не смее да продолжи. Државата мора да се врати на правиот пат. Зоран Заев мора да падне, за да Македонија оди напред и Македонија да победи, стои во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.