Актуелно 19.12.2024 09:37

ВМРО-ДПМНЕ: Заложбите за европски вредности на СДС и ДУИ паднаа во вода, наместо да молчат да го осудат кукавичкото бегство на Груби и да го повикаат да се соочи со правдата

ВМРО-ДПМНЕ: Заложбите за европски вредности на СДС и ДУИ паднаа во вода, наместо да молчат да го осудат кукавичкото бегство на Груби и да го повикаат да се соочи со правдата

Паднаа во вода приказните на ДУИ за тоа како тие се залагаат за европски вредности, владеење на правото и правдата. Артан Груби го нокаутира и онака слабиот рејтинг на ДУИ, наведуваат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најголем доказ за криминалните дејствија на Груби е неговото ставање на црната листа на САД. Груби изјави дека е чист како солза а сепак побегна во Косово и се обидува да се пазари со правдата.

Али Ахмети, ДУИ и СДС молчат за бегството на Артан Груби.

На површина излегуваат сите криминали, скандали и коруптивни дејствија на функционери и луѓе блиски до врхушките на СДС и ДУИ, а СДС и ДУИ молчат.

Срамно е тоа што се уште СДС и ДУИ не го осудиле бегството на Груби и не го повикале да се врати. СДС и ДУИ да кажат дали го поддржуваат бегството на Груби.

Али Ахмети наместо да го осуди бегството на Груби и јавно да се огради од постапките на Груби и тој замина во посета на Косово“, потенцираат од партијата.

-Толку од европските вредности и агенди на СДС и ДУИ. Груби тврдеше дека е „човек посветен на одбраната на европските вредности“ а нема ниту храброст, ниту морал, ниту смелост да се појави на суд и да се соочи со доказите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и ДУИ молчат а на јавноста и е јасно дека на тој начин го поддржуваат бегството на Груби. Одговорност мора да има. Во Македонија мора да завладеат правото и правдата и да се унапреди демократијата, стои во партиското соопштение.