Актуелно 24.12.2024 09:42

ВМРО-ДПМНЕ: Заради болната желба да останат ден повеќе на власт, СДС и Венко Филипче знаеја, молчеа и го одобруваа криминалот на Груби

ВМРО-ДПМНЕ: Заради болната желба да останат ден повеќе на власт, СДС и Венко Филипче знаеја, молчеа и го одобруваа криминалот на Груби

СДС му слугуваа на ДУИ и на Артан Груби. Тоа го знаат сите и се беше на очиглед на целата македонска јавност. Сега се знае и зошто беше тој поданички однос на СДС кон ДУИ и Артан Груби. Затоа што беа соучесници во криминалот на Груби, кој со години и системски ја пљачкаше Македонијa и македонските граѓани, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати зборуваше за криминалот на Артан Груби, но од другата страна кај неговите поданици, СДС, немаше никаква реакција. Напротив, тие продолжија верно до му служат до последен ден. Плашејќи се да им падне владата на криминалната коалиција СДС-ДУИ, СДС заедно со Венко Филипче, кој своевремено беше висок државен и партиски функционер кога Груби ги правел милионите од Државна лотарија, збор не кажуваа против него. За пуста власт и за владеење ден повеќе, СДС станаа измеќари на Артан Груби. Имаше многу што СДС да направи кога Груби играше фудбал во државни кабинети, кога од владата и од неговото министерство доделуваше тендери на фирмата на неговиот брат, или пак во последниот случај со кривичната пријава за злоупотреби од неколку милиони евра од Државна лотарија, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова се само дел од аферите на Артан Груби, за кои СДС мудро си молчеа и ништо не преземаа, за случајно да не им се налути па да ја натера ДУИ да излезе од владината коалиција и да не им падне владата. Болната желба за власт по секоја цена на СДС, доведе до тоа државниот буџет да биде оштетен за неколку милиони евра од Груби и неговата екипа.

-СДС и тогашниот висок функционер, Венко Филипче знаеле за криминалот кој го прави Артан Груби, но за тоа молчеа и го одобруваа. СДС знаеше, молчеше и го одобруваше криминалот на Груби и крадењето на државата. Поради овој поданички и измеќарски однос кон ДУИ и Артан Груби, СДС на чело со Венко Филипче треба да излезе пред македонската јавност и да им се извини на граѓаните. За разлика од СДС кои беа глуви и слепи на очиглед на сите криминални дејанија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вети правна држава и работи на тоа. Прва цел за постигнување на правната држава е бескомпромисната борба со криминалците. Одговорност за сите ќе има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести