Актуелно 13.08.2025 09:14

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството главен фокус на владата, современи, модерни и достоинствени услови за пациентите и за работа на персоналот во Клиниката за урологија

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството главен фокус на владата, современи, модерни и достоинствени услови за пациентите и за работа на персоналот во Клиниката за урологија

Модернизацијата и развојот на македонското здравство останува главен фокус на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

  • За таа цел од Буџетот се одвојуваат рекордни средства кои се претвораат во вистински дела и проекти. Целосно е реновирано болничкото одделение во Клиниката за урологија со вкупна инвестиција од 300 илјади евра. Ова реконструкција е дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и унапредување на здравствените услуги, условите за работа за медицинскиот персонал и достојни услови за пациентите. Просториите во клиниката се целосно трансформирани во современи болнички соби, уредени како апартмани. Секоја соба е опремена со нови болнички кревети, ЛЦД телевизори, нови тоалети, клима-уреди и бактериолошки прочистувачи на воздух. Климатизацијата на целиот простор создава значително подобри и похумани услови за пациентите, особено во текот на летните месеци кога температурите се високи, а болничкиот престој може да биде непријатен. Ова инвестиција е потврда и чекор поблиски кон стремежите на Владата за подобрување на условите за работа, унапредување на медицинските услуги и подигнување на квалитетот на грижата за пациентите. Интензивните вложувања на Владата во здравството не застануваат тука, во периодот којшто следи инвестициите ќе продолжат со иста и позасилена динамика. Дел од позначајните крупни проекти кои ќе се реализираат, со цел трансформација и модернизација на здравството, е завршување на изградбата на Клиничката болница заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип, изградбата на целосно нова болницата во Кичево заедно со Здравствениот дом, како и реконструкцијата на Клиничката болница во Тетово, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На овој начин ќе се создадат достојни европски стандарди за работа на лекарите и здравствениот персонал, како и квалитетни здравствени услуги и нега за пациентите, додаваат од владејачката партија.