Економија 26.07.2018 17:19

Во Црна Гора работа за 10.000 сезонски работници

Во Црна Гора работа за 10.000 сезонски работници

Во Црна Гора за оваа година е планирано вработување на 10.000 домашни сезонци при што се ангажирани околу 6.500 невработени лица, соопшти црногорскиот Завод за вработување.

Во првата половина од 2018 година, работодавците најмогу барале келнери, готвачи, пица мајстори, месари, пекари, собарки, хигиеничарки, садомијачи и работници за помошни работи.

Според Заводот за вработување, побарувачктата за сезонски работници е најголема во предсезоната. Но, тоа не значи дека не се бараат луѓе и во текот на сезоната.