Актуелно 17.05.2018 14:33

Во екот на одморите. Кои се вашите права за користење на годишен одмор и колку денови ве следуваат

Во екот на одморите. Кои се вашите права за користење на годишен одмор и колку денови ве следуваат

Согласно Законот за работни односи  имате  право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена.

Според Законот годишниот одмор може да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година .

Во годишен одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Непријавените работници односно „хонорарците“ и други нетипични видови на вработувања не се предвидени во Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој ги користи услугите на оваа најзагрозена група работници  е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени.

Законот за работни односи предвидува прекршочна одговорност на сите работодавачи кои на вработените не им обезбедат годишен одмор во согласност со Законот  и не им издадат решение за годишен одмор кое служи и како доказ пред трудовата инспекција.

Секое користење на годишен одмор треба во секоја фирма да е според однапред утврден план за одмори и секако писмено да добиете документ за користење на годишниот одмор – потпишано од работодавецот и од вас како вработени.

Доколку според работните обврски мора да работите за празник работодавецот е должен да ви исплати празнична дневница.

Најнови вести