Мозаик 17.08.2018 13:33

Во „Гугл“ протестираат поради изработка на „кинески“ пребарувач

Во „Гугл“ протестираат поради изработка на „кинески“ пребарувач

Повеќе од 1.000 вработени во американската компанија Гугл, потпишале протестно писмо поради таинствениот план на раководството на фирмата за изработка на пребарувач кои би бил во склад со кинеските правила за цензура.

Вработените во писмото ги повикаа директорите на Гугл да ги разгледаат етичките прашања и транспарентноста во компанијата.

Во писмото се наведува дека вработените не добиваат информации кои им се потребни за донесување на етички одлуки во врска со работата и изразуваат незадоволство што повеќето новинари дознале за тој проект.