Живот 21.07.2018 21:13

Во Хрватска најголем број од населението се иселиле во Германија

Во Хрватска најголем број од населението се иселиле во Германија

Од Хрватска во текот на минатата година во странство се иселиле повеќе од 47.000 лица, а од странските земји во Хрватска се доселиле повеќе од 15.000 луѓе, од кои една третина од Босна и Херцеговина.

Ова значи дека Хрватска, поради миграциите, останала без речиси 32.000 жители.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Хрватска лани од странство се доселиле 15.533 лица, од кои 50,9 отсто хрватски државјани и 49,1 отсто странци, а меѓу 47.352 лица што се иселиле од Хрватска повеќето се хрватски државјани, односно 95,8 проценти.

Повеќето од доселениците во Хрватска пристигнале од Босна и Херцеговина (31,8 процент), а најголем број (61,4 отсто) од Хрватите се иселил во Германија.

Меѓу иселените најмногубројни се младите луѓе, 48 проценти, на возраст од 20 до 39 години.