Науката: Нивото на хормоните варира во текот на денот и управува со сексуалната желба, затоа пред сексот погледнете на “часот на страста” и зголемете ги шансите за совршено задоволство.
Жените и мажите имаат различни секс-биоритам
Сексуалниот биоритам на слободните жени е на врвот од понеделник до четврток, а на оние во брак или во постојана врска е во петок. Поточно, на страстите ќе им се препуштат помеѓу 20 и 22 часа, утврдиле научниците од италијанскиот Универзитет во Катанија на основа на секс-дневникот кој 1180 жени го воделе од 2004. и 2011 година.
Појдовна точка е претпоставката дека на сексуалната желба влијаат половите хормони кои се ослободуваат за време на менструалниот циклус. Податоците покажуваат дека слободните жени се активни во почетната фаза на циклусот, кога естрадиолот го контролира созревањето на јајцата во јајниците, а “оние во врска” се активни кога е највисоко нивото на прогестеронот, што е случај на почетокот и крајот на циклусот. Значи, на тоа дали ќе имаат секс влијаат многу фактори, менструалениот циклус потсвесно ја контролира желбата.
Но сексолозите веќе одамна утврдиле дека сексуалното задоволство на мажите и жените во голема мера зависи и од тоа во кој период во денот имаат секс. Затоа, пред да тргнете во заведување на партнерот, погледнете на часовникот за да видите какви се вашите шанси за совршено задоволство.
Луѓето не се машини, опуштете се!
Секс – биоритмот не го земајте здраво за готово затоа што луѓето не се машини . Ако вашиот партнер ве одбие, тоа не значи дека љубовта ја нема. Неговото либидо можеби е “на пауза”, вели сексолог Питер Плац.