Криптовалути кои би служеле за локалните заедници, побара претставникот на американскиот совет на Њујорк, Рон Ким.
Законот, поднесен за разгледување од Рон, нуди лансирање на 10 пилот програми за создавање на локални валути, наменети за локалните заедници, кои можат да бидат во форма на криптовалути или друга алтернатива на дигиталните пари, пренесува „CoinDesk“.
Очекувањата се иницијативата да ги стимулира граѓаните, кои се дел од некоја заедница, да трошат локално, на тој начин да го поддржуваат ексосистемот на квартовите во кои живеат.
Во предлогот за изменување и дополнување на локалните закони се наведува дека „блокчејн“ технологијата „овозможува тоа да се случи беспрекорно, што ќе им даде на граѓаните и сопствениците на бизниси да тргуваат, префрлајќи се од долари кон криптовалути веднаш“, додавајќи дека сето тоа ќе има „значителен долгорочен социјален придонес“.
„Со давање нова мисија и цел на оваа форма на валутите, ќе им дадеме власт на луѓето да го преземат локалниот раст во свои раце. Тргувањето со долари за локалната валута на Заедницата, дигитални пари или криптовалутата, луѓето ќе ги задржат парите во сопствените населби, ќе плаќаат даноци и ќе бидат видливо наградени за нивните позивитни граѓански дејствија“, пишува во предлогот.
Во изјавата Рон Ким наведува дека „валутите на Заедницата се следниот чекор во промовирањето на регионалниот економски раст и локалните граѓански иницијативи“, додавајќи дека „секој долар потрошени во вашата локална продавница го стимулира растот на работните места на локална основа“.