Актуелно 06.06.2018 10:24

Во опозиција рудници на смртта, на власт примери за современи, безбедно и одговорно рударство!

Во опозиција рудници на смртта, на власт примери за современи, безбедно и одговорно рударство!

,,Проектот за бакар и злато во Иловица- Штука е пример за современо, безбедно и одговорно рударство’’, смешно но вака гласи насловот на вест на еден од главните мегафони на власта, порталот Фокус. Рудниците на смртта за многу кратко време се претворија во пример за современо, безбедно и одговорно рударство, а не ќе е чудно до крајот на мандатот на владата на СДСМ да почнат позитивно да влијаат на здравјето на луѓето.

Сервилноста на одредени медиуми кон власта е смешна, но овој пати Фокус успеа да го надмине и Саше Политико. Што би помислил Никола Младенов,пионерот на слободното, професионалното истражувачко новинарство кога би видел во какво партиско гласило се претворил медиумот кој со години го градел.

Нормалното во Македонија стана ненормално, ненормалното стана нормално. За речиси една година власт на СДСМ сите негативни појави во општеството станаа вредности, а она што порано го критикуваше СДСМ сега стана нешто на што се гордее.

Странските инвестиции ги нарекуваа ,, робовладетелство’’, а сега се обидуваат да привлечат што повеќе, но им оди тешко. Рудниците на смртта стана, огромни инвестиции кои треба да донесат ,,живот’’ итн. Реалноста е дека македонските читатели се мета на огромната пропагандна машинерија на режимот, и медиуми кои сивата слика од секојдневниот живот сакаат да ја заменат со розови очила.