Личното богатство на најмоќните луѓе во светот е зголемено лани за 12 посто на 202 илјади милијарди долари.
Нивното богатство пораснало благодарение на скокот на пазарот на акции и слабиот долар, покажале резултатите на годишниот извештај на консултантската компанија „Boston Consalting Grupe“ (BCG).
Тоа значи дека во рацете на милиониерите сега е половина од целокупното лично богатство, што е повеќе во однос на 45 отсто од 2012 година, се наведува во извештајот кој го пренесе Блумберг.
Иако жителите на Северна Америка имаат најголем дел во тоа богатство (43 посто) , најбрзиот раст на богатството е регистриран во Азија, Латинска Америка и на Блискиот исток.
Повеќето супербогати живеат во САД, Кина и Јапонија.
Годишното истражување покажало и дека Швајцарија во 2017та година ја задржала позицијата на најголемиот центар за управување со имот во офшор зони, во вкупната вредност од 2 300 милијарди долари.
Следи Хонг Конг со 1 100 милијарди долари имот доверени на управување и Сингапур со 900 милијарди долари.
Повеќе од 35 милиони Американци се