Економија 04.02.2019 19:25

Вo САД отворени над 300.000 илјади работни места

Вo САД отворени над 300.000 илјади работни места

Работодавачите во САД во месец јануари отворија речиси 304.000 работни места, најмногу за речиси една година, објави Министерството за труд на САД.

Сепак, стапката на невработеност, и покрај отворените работни места е зголемена на 4 отсто од 3,9 отсто во декември, пренесуваат агенциите.

До раст на стапката на невработеност дојде од технички причини, бидејќи 175.000 државни службеници беа класифицирани како невработени поради привремената блокада на владата во Вашингтон, додаваат медиумите.