Живот 19.11.2018 16:53

Во северна Европа следуваат пониски, во јужна повисоки температури

Во северна Европа следуваат пониски, во јужна повисоки температури

Жителите на северните подрачја на Европа треба да се подготват за температури пониски од вообичаено во периодот од декември до февруари, додека во јужните ќе имаат потопло време, но проследени со силни ветрови и дожд, соопшти метерологот од метеорлошката компанија „Ведер“.

– Ноември беше продолжување на топлите месеци во Европа, но во последните десет дена од месецот треба да дојде до значително заладување, посебно на поширокото североисточно подрачје на Европа, изјави главниот метеоролог во таа компанија Тод Крафорд.

Според прогнозите на „Ведер“, во текот на декември во делови на северна и делови на западна Европа може да се очекува потопло време, но во јануари и февруари температурите ќе бидат пониски од вообичаено за тој период на годината.

На југот на Европа во следните три месеци можат главно да се очекуваат температури повисоки од вообичаено, освен во декември, каде во западниот дел на тој регион на Европа ќе има температури пониски од вообичаено.