Финансии 16.11.2023 11:34

ВО СПОРТОТ СЕ ВРАТАТ ДОБРИ ПАРИ- Вработен во ФК ШКУПИ зема месечна плата од 11.600 евра

ВО СПОРТОТ СЕ ВРАТАТ ДОБРИ ПАРИ- Вработен во ФК ШКУПИ зема месечна плата од 11.600 евра

На чело на ФУДБАЛСКИ КЛУБ ШКУПИ 1927 лани стоел еден човек со месечна плата од 11.600 евра.

Друштвото за спорт и спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ ШКУПИ 1927 АД Скопје во 2021 година имало 26 вработени со просечна плата по 350 евра.

Со еден вработен, за разлика од со 26, има раст на приходите за 77% и раст на добивка за дури 2.095%. Имено, приходите во 2021 година биле 1,1 милион евра, а во 2022 година 1,97 милиони евра, додека добивката во 2021 година изнесувала скромни 21.000 евра, а во 2022 била 460.000 евра.