Економија 31.07.2018 12:29

Во Србија недостигаат градежни работници

Во Србија недостигаат градежни работници

Во Србија недостигаат градежни работници, додека нивните молери, фасадери, гипсари и керамичари за 2500 евра месечно работат во Шведска и Норвешка, пишува Блиц.

Според Еуростат за 10 години сега Србија има градежна експанзија како никогаш досега.

Во првите три месеци имаат раст од 26.4% во однос на истиот период лани.

Но, од друга страна квалификуваните работници масовно бегаат од земјата.

Нивните места ги пополнува евтина работна сила од регионот.

Наместо 25 или 30 евра сега добиваат дневница од 35 евра плус храна, со услов газдите да не вработуваат работници од Македонија и Албанија. Во Србија се случува она за што се алармираше пред 15 години.