Актуелно 24.09.2018 10:53

Во среда пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат од Давидово до Удово

Во среда пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат од Давидово до Удово

Поради изведување асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1105, на потегот од селото Давидово до Удово, в среда од 9:00 до 17:00 часот ќе се пренасочува сообраќајот по стариот пат А1е од клучката кај село Миравци.

Како што информира ЈП Македонијапат подружница Велес, на местото на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

(Миа)