Економија 07.07.2018 15:39

Во услови на трговска војна со Кина ,во САД 213.000 нови работни места, невработеноста 4%

Во услови на трговска војна со Кина ,во САД 213.000 нови работни места, невработеноста 4%

Работодавачите во САД продолжија и во месец јуни со интензивно темпо на вработување, отварајки 213 000 нови работни места. Овој тренд, според оценките на западните медиуми, значи сигнал на доверба во домашната економија, и покрај почетокот на трговската војна на САД со Кина. Министерството за вработување во Вашингтон објави дека стапката на невработеност во јуни годинава, се покачила на 4%, наспроти претходните 3.8 %, бидејки многумина барале работа, но притоа одреден број од нив не успеал да се вработи.

,,На денот кога администрацијата на Трамп започна да ја наплаќа зголемената царина во вредност од 34 милијарди долари увоз на роба од Кина, на што Пекинг реципрочно  возврати, растот на нови работни места  сигнализираше дека деветгодишната  економска експанзија на САД , втора најдолга забелeжана во историјата, останала на цврсти темели, анализираат западните медиуми.

Просечната дневна заработувачка, во јуни  се покачила на 2,7 одсто , а ниската стапка на невработеност , додава агенцијата Асошиејтед Прес, ке ги натера работодавачите  да понудат поголеми плати како би  ги пополниле отворените работни места.