Неколкумина се повредени во пукотници во ноќен клуб во Калифорнија, кога вооружен напаѓач отворил оган од засега непознати причини, пренесуваат американските медиуми. Не е потврдено дали има и загинати. Напаѓачот најпрво го застрелал членот од обезбедувањето на влезот на клубот, а потоа фрлил димни бомби внатре и продолжил да пука, рекле очевидци.
Околу 30 истрели биле испукани за време на инцидентот, а исто така има и засега непознат број повредени, изјавил претставник на полицијата. Според наводите, напаѓачот бил од Блискиот исток, на возраст од 20-тина години, со брада и облечен во црна облека.