Економија 11.09.2018 20:41

“Volkswagen” ќе плати 9 милијарди отштета?

“Volkswagen” ќе плати 9 милијарди отштета?

Во Германија започна судењето на автомобилскиот гигант “Volkswagen”. Инвеститорите бараат повеќе од девет милијарди евра надокнада поради скандали поврзани со емисијата на штетни гасови од дизел автомобилите. Скандалот беше обелоденет кога на пазарот во САД беше откриена измама на тестовите за издувни гасови.

Судењето на векот во Брауншвајг треба да покаже дека раководството на “Volkswagen” знаело за местењето на податоците за издувните гасови на дизел моторот пред избивање на скандалот.

Акционерите велат дека се измамени затоа што тие претходно би ги продале акциите или воопшто немале да ги купат доколку однапред знаеле за криминалните активности на компанијата. Од нив се бара да ги надоместат загубите поради преполовената вредност на нивните акции.

Скандалот избувна кога американските регулаторни власти во септември 2015 година објавија дека дизел моторите на “Volkswagen” емитуваат многу повеќе штетни гасови од пропишаните. Акционерите бараат штета од 9,2 милијарди евра.

– “Volkswagen”, според законот мораше да ги информира инвеститорите и пазарот на капитал за доверливите информации. Тој се претставуваше себеси како лидер во новите технологии на дизел моторите. Во 2008 година тие знаеја дека не можат да ги исполнат технолошките барања и наместо тоа да го кажат, прибегнаа кон измама – вели адвокатот на акционерот Андреас Тилп.

“Volkswagen” го призна лошото системско управување со емисиите на штетни гасови, но тврди дека прописно ги известил акционерите и пазарот.

– Овој процес е во врска со тоа дали “Volkswagen” ги исполни своите обврски кон акционерите и пазарот на капитал. Ние сме убедени дека сме “, изјави адвокатот на “Volkswagen”, Маркс Пфилер.

Аферата “Дизелгејт”, автомобилскиот гигант досега го чинеше 27 милијарди евра и загубено лидерското место на пазарот.

– “Volkswagen” направи смртен грев, бидејќи го прикриваа скандалот. Ова е неприфатливо за компании кои се на берзата. Со ова судење, Германија ќе биде “американизирана” во однос на правата на акционерите, бидејќи ќе добијат високи надокнади – вели аналитичарот Роберт Халвер.

Измамата на “Volkswagen” исто така може да му наштети и на Порше, кој е во негов состав, против кого акционерите ја започнале постапката во Штутгарт.

Најнови вести