Живот 28.11.2018 16:02

Вонредна временска прогноза: Снег ќе ја покрие Македонија

Вонредна временска прогноза: Снег ќе ја покрие Македонија

Поради спуштање на постуден воздух од север ќе се задржи облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег со слаб до умерен интензитет. Попладне врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места.

Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.

Во четврток ќе биде студено, на места со слаб снег, а во петок се очекува намалување на облачноста.

Ќе натрупа ли снег за Нова година?- Временска за цел нареден месец

Декември ни е пред самиот праг, а временските услови се повеќе се влошуваат па во исчекување сме и на првиот снег оваа година. Познатата метео апликација Accuweather со детална прогноза за наредниот месец и почетокот на наредната 2019 година.

Особено на повисоките места и на планините се очекува да се формира и снежна покривка, тенка снежна покривка можна е и во некои од населените места.

Температурите на воздухот многу ќе опаднат и настудено ќе биде во четврток кога максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од -2 до 7 степени, во петок наутро ќе биде многу студено со минимални температури насекаде минусни и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени.