Неколку дена наназад Скопје и Македонија го дистигнаа врвот во загаденост на воздухот.
Скопје се најде на врвот на светото по загаденост, а владата и градот “мува не ги лази„.
Реакциите на граѓаните се жестоки бидејќи, како што велат, ова веќе не се трпи и дека тие гласале за почист воздух, а за тоа ништо не се превзема.
Зоран Заев пред локалните избори, на граѓаните им вети дека ќе донесе почист воздух, а изминатиов период може да видиме дека се случува сосема спротивното.
„Кандидатите за градоначалници на коалицијата, предводена од СДСМ, како што порача Заев акцент ќе стават на тоа граѓаните во општините да одлучуваат за тоа како ќе се трошат парите, на чистата животна средина, која подразбира чист воздух и чиста вода за пиење“.
„На централниот митинг во Скопје Заев вети дека Владата ќе ги помага градоначалниците и советите да пуштат повеќе пари кај граѓаните, да создаваат повеќе можности за работа за младите, како и да нудат услови за поквалитетно образование и здравство во нивните села и градови“.
Истото то ветуваше и актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.
Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во своето обраќање истакна дека тој и неговиот тим имаат организиран и функционален план, Скопје да стане вистински европски град.
Тој стави акцент на заштита на животната средина, гасификацијата на градот, решавање на проблемот со сообраќајниот метеж, младите.
Наместо барокни згради, тој најави паркови, наместо загубеното зеленило нови садници.
– За четири години Скопје ќе стане зелен град, а не како досега град на стиропор и необарок, рече Шилегов.
Сето ова го ветуваше Шилегов во предизборната кампања, но од сето ова Скопје го достигна врвот по загаденост во светот.