Актуелно 05.07.2018 11:07

Вработените од Еурокомпозит: Анѓушев и Заев цела година не лажат дека нашиот проблем ќе биде решен

Вработените од Еурокомпозит: Анѓушев и Заев цела година не лажат дека нашиот проблем ќе биде решен

Во вчерашната емисија на ТВ 24 гостуваа министерот за економија Крешник Бектеши како и Горан Рафајловски, Мендерес Кучи и Светлана Пљакоска – претставници на бизнис секторот. Тема на емисијата беше со какви проблеми се соочува стопанството на кои гостите го дадоа своето мислење.

Имено, во емисијата директно беа вклучени револтираните вработени од фабриката Еурокомпозит. Владата веќе година дена им ветува на вработените дека ќе се реши нивниот проблем но состојбата се повеќе станува драматична. Вработените од Еурокомпозит во неколку наврати протестираа и блокираа патишта но сепак нивните барања не беа исполнети.
Вработените на Еурокомпозит од вчера протестираат пред владата со поставени шатори и велат дека нема да се тргнат додека не им се реши прашањето. На прашање на новинарката што сакаат да го прашаат министерот за економија тие рекоа;

– Да ние сакавме и директно да го запознаеме министерот за економија, и од самото доаѓање на неговата функција ние му пративме неколку писма дали има решение за нашата фабрика и досега не добивме никаков одговор и едно од прашањата е дали мислат некогаш да го решат нашиот проблем и кога ќе биде тој датум. Затоа што господинот Заев и господинот Анѓушев цела година не лажат дека нашиот проблем ќе биде решен. И вчера повторно ни кажаа дека за наредните 4 месеци ќе ни го решаваат проблемот. Другото прашање ми е до кога мислат да ги држат во заложништво овие 240 вработени без придонеси и без здравствено осигурување.
На ова министерот Бектеши ги повика вработените на Еурокомпозит на трпение. Инаку, вработените веќе со години не им се платени придонеси, а добиваат само по 5.000 или 6.000 денари како надомест, но и тоа е нередовно.

-Што е проблемот.. 6 години без придонеси и 17 заостанати плати и барања доставени пред 2 недели до сите но не ги контактирале

Вработените неколку пати до сега добиле ветувања од Владата за крај на нивните проблеми, но работите никако да се поместат од мртвата точка. Дел од нив повеќе пати и ги блокираа улиците во Прилеп.

Фабриката за производство за воена и полициска опрема е акционерско друштво со 100% државна сопственост.