Вкупната пазарна вредност на капиталот на четирите најголеми „системски“ грчки банки, по вчерашната силна продажба на нивните акции на Атинската берза, падна на само пет милијарди евра. Генералниот индекс на Атинската берза падна на најниско ниво од пред 32 месеца, пишува весникот „Катимерини“.
Меѓународната финансиска институција ХСБЦ оваа недела соопшти дека акциите на грчките банки веќе пет месеци се во опаѓање, кое започна во мај кога изгубија околу 2,2 милијарди евра и уште 1,2 милијарди евра во август. По загубата на уште 1,6 милијарди долари во септември, падот оваа недела им однесе уште 750 милиони евра.
Ова вкупно намалување на капитализацијата на банките за 2,35 милијарди евра, земајќи ја предвид и продажбата на акциите оваа недела, е најголемиот пад за оваа година, што е уште позначајно поради тоа што се случува откако Грција излезе од програмата за помош на меѓународните кредитори, додава весникот.
Спрема банките постои недостиг на доверба, главно поради „премногу амбициозните цели“ во намалувањето на обемот на нефункционални кредити, што беше и причина за продажбата на акции на банките оваа недела, пишува „Катимерини“.