– Браната Газивода е изградена во 1981 година, и е од голема важност за Србите и Албанците. Поголем дел од Метохија добива вода од тука, како и Приштина во текот на летото. Езерото е од големо значење за нас, бидејќи без Газивода нема преживување на луѓето во Ибарски Колашин и Зубин Поток, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија инвестирала речиси 128 милиони динари во реконструкцијата на браната Газивода и најави дека до крајот на септември ќе бидат обезбедени уште 12 милиони динари за таа намена.