Економија 31.10.2018 18:33

За 6,8 проценти зголемен бројот на работници во индустријата

За 6,8 проценти зголемен бројот на работници во индустријата
639192874

Бројот на работници во индустријата во септември годинава во однос на септември лани е зголемен за 4,3 проценти, а пораст од 6,8 проценти бележи во периодот јануари – септември годинава споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика, пренесе МИА.
Во секторот „рударство и вадење камен“ во септември годинава споредено со септември лани има пораст од 2,1 процент на бројот на работниците, во „преработувачката индустрија“ пораст од 4,7 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 0,4 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 7,3 проценти и „капитални производи“ за 17,2 проценти, кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ е на исто ниво додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 0,8 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за два процента.