Актуелно 07.10.2018 15:37

За 6 часа санкционирани 33 возачи кои возеле во алкохолизирана состојба

За 6 часа санкционирани 33 возачи кои возеле во алкохолизирана состојба

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на вчера и денеска во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Од страна на полициски службеници контролирани се 180 возачи, a  кај 33 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека еден одбил да подлежи на алкотестирање.

По однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се 34 мерки. Исклучени се 34 возачи од сообраќај, издадени се 34 мандатни платни налози и откриени се 48 останати прекршоци.