Актуелно 22.11.2018 13:35

За денот на албанската азбука и Хашим Тачи во Скопје

За денот на албанската азбука и Хашим Тачи во Скопје

Косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот претседател Илир Мета денеска ќе престојуваат во Скопје по повод одбележувањето на 22-ри ноември, Денот на албанската азбука.

Во 19 часот, косовскиот претседател Хашим Тачи ќе присуствува на 110-годишнината од Азбуката на албанскиот јазик во Скопје.

Мета, заедно со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ќе ја посетат Старата чаршија во Скопје.