Биткоинот поевтини за 11,6% во текот на последните 24 часа, при што цената достигна 3.412 долари, покажуваат податоците на „CoinMarketCap“.
Актуелниот месец декември се покажа тежок период за најскапата виртуелната валута на пазарот, откако уште во првиот ден од месецот нејзината цена забележа пад од 8%.
Традиционално, падот на Биткоинот ги повлече и останатите криптовалути, како „XRP“ на „Ripple“ која се намали со 10.55% до цена од 0.304 долари, додека Етер на Етериум забележа пад од околу 16% до цена од 87.02 долари.
Вкупната пазарна капитализација на криптовалутите падна на 108,1 милијарда долари.
„На пазарот како целина има тенденции на пад“, вели Зенон Капрон, финансиски директор за технологии во консултантската компанија „Kapronasia“, цитиран од „CNBC“.
„Бидејќи пазарот се движи од инвеститорите на мало, во голема мера зависи од групните расположенија, кои можат да предизвикаат големи отстапувања“, вели тој.
„Без позитивни чекори во блиска иднина, ова може да продолжи и во 2019-та година“, рече аналитичарот.
Во оваа календарска година, пазарот на криптовалути не се радува на цените од минатата 2018-та година, што доведе до пад на вкупната пазарна капитализација од околу 7 пати во однос на нејзиното рекордно ниво забележано во месец јануари.