Претставници од познатата турска компанија OKT TRAILER, остварија средба со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Компанијата која се занимава со производство на цистерни и полуприколки од инокс и алуминиум е заинтересирана да инвестира во Кавадарци поради поволната клима.
Сопственикот Хакан Мараш и директорот Омер Кучук планираат да отворат претставништво и хала за производство на цистерни и полуприколки од инокс и алуминиум, а производите да ги пласираат на европскиот пазар.
Градоначалникот Јанчев им излезе во пресрет на потенцијалните инвеститори и ги договорија следните чекори.
Се очекува во наредниот период делагација да ја посети компанијата која се наоѓа во турскиот град Ајдин.