Актуелно 18.09.2018 09:13

За колку поскапеа горивата

За колку поскапеа горивата

Од болноќ нафтените деривати добија нова цена,

Регулаторна комисија реши тие да скокнат. Но за колку поскапува бензинот но и дизелот?

Веќе од денес на бензинските пумпи ширум државата резервоарите ќе ги полните со горива чии цени пораснаа.

Тоа значи дека оние кои возат автомобил на бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе г плаќаат за 72,50 ден/лит односно тој поскапува за 0,50 ден/лит а цената на супер 98 не трпи промени и останува да се точи за 74 денари.

Дизелашите ќе плаќаат 66,00 ден/лит. или 1,50 ден/лит повеќе од претходните две недели.

Поскапува и мазутот М-1 НС кој во следните две недели ќе чини 34,351 ден/кг. а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 54,50 ден/лит.