Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека партијата секогаш била соодветно претставувана од партиски функционери на различно ниво, така што тенденциозно е присуството на потпретседателот Александар Николовски да се претставува како изолација на партијата или Претседателот Христијан Мицкоски.
-За Претседателот Мицкоски приоритет е заштитата на македонските национални интереси и јасно изразената волја на граѓаните кои на одржаниот референдум одлучно се спротивставија на капитулантскиот договор и не дадоа поддршка на промена на името, идентитетот, историјата, традицијата и културата.
Од таму велат дека би сакале да појаснат дека станува збор за редовна конференција на Европската народна партија која се одржува неколку пати во годината.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да присуствува на конференцијата на ЕПП во Брисел заради тоа што за понеделник е најавено одржување на пленарна седница на Собранието на Република Македонија по владината иницијатива за измени на Уставот, се вели во соопштението на партијата, па од таму продолжуваат.
-Самата покана испратена до ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од јасна порака и најдобар демант до сите „душегрижници” кои ширеа лажни информации и вести во јавноста за изолација на партијата и нејзино исфрлање од ЕПП. Со оглед професионалноста и сериозноста на вашиот медиум, очекуваме оваа реакција да биде објавена во целост, се завршува во соопштението.