Актуелно 27.06.2018 12:27

За УЈП повеќе не сме Република Македонија

За УЈП повеќе не сме Република Македонија

Ова се бројчињата што системот на Управата за јавни приходи ги издава на странките, кога чекаат ред на шалтертите, пишува порталот Јавно.

Корисник на услугите на УЈП денеска забележал дека е избришано „Република Македонија“ од системот на Управата.

На фотографијата едното бројче е од 13.06.2018 година, а веќе на 25.06.2018 година, јасно се гледа дека „Република Македонија“ веќе не постои.