Економија 06.06.2018 11:10

За успех во кариерата неопходни се овие вештини

За успех во кариерата неопходни се овие вештини

Со што и да се занимавате потребно е да го совладате следниот список со вештини…

Критики

Кога-тогаш ќе морате да научите да ги прифаќате критиките. Некои нема да бидат добро намерни, но повеќето сепак ќе ви помогнат да се подобрите на работното место. Слушајте ги сите, иако веруваме дека често не е лесно да се слушнат.

Време

Тоа што ќе морате да го совладате е и управувањето со времето, кое е се помало. Обавувајте ги задачите на време и избирајте ги според нивото на енергија. Потешките кога имате повеќе енергија, полесните кога сте веќе заморени.

Тимска работа

Можеби мислите дека токму се можете да изработите сами и подобро од сите, но вашиот шеф не мисли така. Тој сака луѓе, кои можат да работат во тим и заедно да донесуваат уште подобри резултати.

Пристојно одбивање

Се трудите секогаш да им бидете од помош на своите колеги во невоља, но понекогаш немате време за тоа. Во ваквите ситуации применете го пристојното одбивање.

Јавен говор

Многумина имаат страв од тоа, но сетете се дека во текот на животот има ќе уште многу такви ситуации. Колку порано ќе се ослободите од стравот, толку полесно ќе ви биде. Задолжително вежбајте дома со семејството или пред огледало, така ќе ви биде полесно.

Преговарање

Морате да научите да преговарате, со цел да добиете некои работи во животот. Доколку се обидувате да преговарате покажете цврстина и одлучност, но на пријателски начин.

Достапност

За да напредувате потребно е да имате контакти. А контактите ќе ги остварите во разговор со разни луѓе. Никогаш не знаете која личност ќе ви биде потребна понатака во животот. Одржувајте ги контактите, создавајте нови и редовно негувајте ги.