Компании,Економија 01.03.2019 13:58

Забележителен успех на македонските винарии на „Мундус Вини“ во Германија

Забележителен успех на македонските винарии на „Мундус Вини“ во Германија

Значителен успех имаа вината на „Далвина“ со освоени пет златни медали за Hermes Vranec 2015, Dioniz Merlot 2016, Dioniz Vranec 2016, Hermes Cabernet Sauvignon 2015 и Hermes Merlot 2015 и еден сребрен медал за Dioniz Syrah 2016. Највисоката специјализирана награда ја понесе виното Hermes Vranec 2015 што беше прогласено за најдобро меѓу црвените вина од Македонија и се закити со медаљата Grand Gold.

Награди освоија и шест вина на винарската визба „Тиквеш“, и тоа: Barovo 2018 (бело)Vranec Special Selection 2017Alexandria Cuvee 2017 (црвено) и Bela voda 2016 (црвено) освоија златни медали, а Barovo 2016 (црвено) и Sauvignon Blanc Special Selection 2018 освоија сребрени медали.

Златни медали освоија Verdot Reserve 2015 и Veritas Reserva 2015 на винаријата „Стоби“, како и A’Gupka Vranec 2012 и Alexandar 2017 од „Бовин“. Виното Cuvee de Prestige 2016 на „Камник“ освои златен медал, додека Merlot Single vineyard 2015 од истата винарија понесе среберeн медал. Со златен медал беше наградено и Domaine Lepovo Rose 2015, додека со сребен медал се закити Domaine Lepovo Chardonnay 2018 на винаријата „Домен Лепово“.

За успехот на македонските винарии на овој престижен натпревар говори и фактот што во регионални рамки ниту една земја немаше толку голем број освоени награди. Конкретно, од Србија беа наградени 10 вина, 5 вина од Хрватска, шест вина од Црна Гора и 2 вина од Босна и Херцеговина.

Винариите ќе ги подигнат освоените награди на овогодинешното издание на најголемиот вински саем во светот ProWein кој ќе се одржи од 17ти до 19ти Март 2019 година во Дизелдорф, Германија каде 10 македонски винарии ќе изложуваат на национален штанд организиран од Здружението Вина од Македонија. Учеството на винариите на овој саем е финансиски поддржано од Министерството за земјоделство на РМ, преку Програмата за поддршка на руралниот развој за 2019та година. Во рамките на истата Програма, Министерството финансиски ги поддржува винариите и за освоени златни и специјализирани награди од најважните меѓународни и регионални натпревари за вино.