Актуелно 12.09.2018 16:28

Задолжувањата вртоглаво растат -Владата планира да ги задолжи граѓаните на 18-ти овој месец за нови 57 милиони евра

Задолжувањата вртоглаво растат -Владата планира да ги задолжи граѓаните на 18-ти овој месец за нови 57 милиони евра

На официјалната страна на Министерството за финансии објавени се проспекти за аукција на државни хартии од вредност на 18 овој месец.

Имено, објавени се проспекти на 15 годишни државни обврзници со девизна клаузула од 300.000.000 денари, 15 годишни обврзници со девизна клаузула во износ од 400.000.000 денари, 3 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1.000.000.000 денари, и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.800.000.000 денари или вкупно 57 милиони евра.

 

Владата не престанува со задолжувањата додека капитални проекти нема. Експертите велат дека задолжувањето на наредните генерации без вложување на парите во проекти од стратешка и долгорочна важност е алармантно поради фактот дека овие пари ќе треба да се враќаат а државата ќе остане без проекти кои би генерирале добивка и корист како на краток така и на долг рок.

 

Актуелната Влада беше голем критичар на задолжувањата додека од кога е на власт се задолжува секој месец по два пати. Што е уште позагрижувачко се податоците од финансискиот извештај објавен на страната на Министерството за финансии каде реализацијата на капитални инвестиции за првите 7 месеци е поразителни 21%.

Со вакво темпо на задолжување а при отсуство на капитални инвестиции државата оди кон многу опасен пат коментираат економистите и сметаат дека тешко дека ќе се постигне проектираниот раст на БДП од 3,2 % за  2018 година.