Актуелно 03.07.2018 12:50

Заев избега од работниците во „Еурокомпозит“, ја заобиколи блокадата и не се сретна со луѓето на кои една година им дава лажни ветувања

Заев избега од работниците во „Еурокомпозит“, ја заобиколи блокадата и не се сретна со луѓето на кои една година им дава лажни ветувања

Денешната посета на премиерот Зоран Заев на Прилеп помина и во знакот на неговото одбегнување на работниците од прилепски „Еурокомпозит“.

Дел од вработените денес го блокираа кружниот тек во градот по повод посетата на Заев на Прилеп. Информациите од терен говорат дека Заев за да ги избегне, во градот влегол од друга страна и не се сретнал со нив. На вработените во „Еурокомпозит“, премиерот речиси една година им ветува дека ќе го реши нивниот проблем кој се однесува на неисплатени плати и придонеси, а се ветуваше и овозможување на непречена работа на фирмата.

-Се разгледува можноста за системски решенија за трајно решавање на егзистенцијата на вработените во Еурокомпозит, ова беше изјавата која Заев ја даде на средбата со синдикалните претставници на Еурокомпозит одржана пред повеќе месеци.

Вработени во фабриката за производство на воена опрема „Еурокомпозит“ од Прилеп покрај блокадата на кружниот тек денес започнаа протест пред Владата, барајќи спроведување на договореното за решавање на статусот на фабриката и исплата на заостанатите плати и придонеси.

Тие поставуваат шатори пред владината зграда и како што најави Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација на „Еурокомпозит“, нема да се повлечат оттаму се додека не им биде понудено конечно решение за фабриката од која 260 вработени побаруваат 18 заостанати плати и придонеси од 2012 година.

– Барање за прием во Владата доставуваме веќе цела недела, но се уште нема таква најава, изјави Богдановски.