Економија 18.07.2018 12:43

Заев му поднесуваше кривични на Османи за криминал, денес се надева дека тој ќе ја европеизира Македонија (ВИДЕО)

Заев му поднесуваше кривични на Османи за криминал, денес се надева дека тој ќе ја европеизира Македонија (ВИДЕО)

Претседателот на Владата Зоран Заев се надева дека Македонија ќе се европеизира човекот на кого тој пред четири години му поднесуваше кривични пријави за криминал.

Во денешната изјава Заев вели дека Бујар Османи е назначен за шеф на делегацијата која треба да преговара со Европската Унија, а во 2015 поднесуваше кривични пријави против него.

-Владата го назначува доктор Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, за главен политички преговарач и шеф на делегацијата за преговори со Европската Унија, истакна денес премиерот Заев.

Одговарајќи на прашањето има ли некој фунционер, односно предмет со кој што ќе се занимава СЈО за функционери од ДУИ, Зоран Заев во декември 2015 година, во интервју за ТВ „Шења“, кое патем го водеше сега неговиот сопартиец Мухамед Зекири, Заев одговара потврдно.

-Да, Да. Поднесени се и кривични пријави. Мислам дека поднесени се кривични пријави за Бујар Османи, изјави тогаш Заев.

Најнови вести