Економија 01.03.2019 15:15

Заев му ветил на Ахмети дека следниот гувернер на Централната банка ќе биде Албанец!

Заев му ветил на Ахмети дека следниот гувернер на Централната банка ќе биде Албанец!

Премиерот Зоран Заев и  неговиот коалициски партнер Али Ахмети се согласија дека во замена за поддршка на заеднички кандидат на ДУИ, од редовите на СДСМ или блиску до неа, најголемата албанска партија да ги преземе позицијата гувернер на Централната банка, изјавија владини извори за “Журнал.мк”.

Извори од владејачката коалиција, кои побарале да останат анонимни, рекоа дека Заев и Ахмети веќе се договорени кој ќе биде заедничкиот кандидат за изборите на 21-ви април, а името на истиот ќе го објават денеска, како што најави шефот на ДУИ.

-А за возврат, Заев ветил дека ќе ги задоволи долгогодишните барањата и цели на ДУИ за Албанец да биде на чело на Централната банка на земјата, изјави за Журнал истиот извор.